Новинарката на бизнис вестите на ТВ Сител, Нашата Мерсовска и нејзиниот партнер Александар Ристовски минатиот викенд направија свадба и црковна венчавка која ја споија заедно со крштевката на нината ќеркичка Каја. Токму главна гостинка на забавата беше Каја, која има девет ипол месеци.
„Заврши свадбата, а ние два дена се опоравуваме. Мислам дека беше одлична журка, музиката и коктелите ептен завршија работа. Гостите си поминале добро, а ние уште подобро. На почетокок сакавме да биде само крштевка, но бидејќи и ние не бевме венчани, решивме бракот да го озваничиме и пред Бога па потоа да се собереме со најблиските и да прославиме“, раскажа Наташа за Женски магазин.