Пејачот Жељко Самарџиќ ова лето го поминува во Котор. Тој во интервју проговори за болеста.
“Од моментот кога дознав за болеста како да ми се сруши светот, не ни знаев што ми е. Сега продолжувам со нормалниот живот, бидејќи редовно ја земам терапијата и на секој три месеци одам на контрола и проверувам крв“ вели Жељко и додава:
“Мене болеста ме промени од корен, а јас порано земав чаша ракија или вино, но сега тоа не можам да го направам, бидејќи го чувам гласот. Кога тоа ми функционира се е ОК,“ искрен е Самарџиќ кој се пофали дека купил нов брод кој чини 60.000 евра.
Инаку, болеста Хашимото е болест на смалена функција на штитната жлезда.