Голем пожар изби попладнево на грчкиот остров Закинтос, во шумата меѓу селата Килиоменос и Агалас. Пожарот избувнал околу 14 часот по локално време, јавува АНА. Туристичките места за среќа не се зафатени од огнената стихија.
Во гаснењето на огнот учествуваат 20 пожарникари со седум противпожарни возила, а се очекува да помогнат и авионите.
Во гаснењето на пожарот помага и локалното население и засега нема опасност за туристите и тамошните жители.