Скопјанка со нож го прободела сопругот додека се расправале во нивниот дом.
Како што соопштија од МВР, настанот се случил на улица „Христо Татарчев“, а В.К.(43) од Скопје била приведена затоа што при семејна расправија со нож му нанела убодна рана на нејзиниот сопруг М.К.(43) од Скопје.
Од лекар на М.К. му биле констатирани телесни повреди. В.К. е пренесена во психијатриска болница.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.