„Сочно опцув и тргнав во нејзината канцеларија за да видам зошто како обвинители кои 4 години се бориме за СЈО сега по нејзина наредба треба да бидеме претресувани. Таа беше излезена, а мене ми беше тешко и дури почнав да плачам поради таквото нејзино однесување“, изјавила за Телма телефонски обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи, која по враќање од пауза била сопрена од полицаец на влезот во специјалното обвинителство за да и ја претресе торбата.
Фетаи вели дека полицаецот и кажал како наредбата е за сите вработени во СЈО и дека претресите треба да се изведуваат и при влегување и излегување во зградата на Рузвелтова.
Според информациите на Телма, Јанева им викала дека треба да се држат заедно и доколку таа падне ќе ги повлекла надолу и ќе кажела што се слушнала за нив.