На 29-годишна возраст во Москва ненадејно почина руската манекенка Жана Расказова. Таа била во својот дом, заедно со пријателот Александар, кога изненадно паднала и веднаш починала.
Александар сведочел дека неколку часа претходно во нејзиниот дом дошол лекар од приватна клиника, кој и пружил детокс третман, откако манекенката целиот викенд го поминала во излегување, јадење и пиење. Наводно Жана мешала антидепресиви со други лекови и плус алкохол.
Таа легнала да спие, а кога се разбудила, почнала да се гуши и паднала, а кога пристигнала брзата помош, била констатирана само смрт.
https://www.instagram.com/p/ByXK1A6BrQR/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/BzismhHBSMb/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
https://www.instagram.com/p/B08BmVchuAv/?utm_source=ig_web_button_share_sheet