23-годишната Бернадета Хаганс чувствувала благи болки во десната нога, но мислема дека е поради ударот во кутијата при селењето, па не обратила внимание на тоа. Но, следниот месец болките биле посилни, а еден ден кога ја мачкала ногата, забележала израсток во големина на грашок.
Докторите и рекле дека е масно ткиво, но болките не поминувале. Израстокот пораснал, па следната дијагноза била агресивен тумор по кој ногата морала да се ампутира или ќе умрела.
Откако ја прифатила вистината дека ќе остане без една нога, протетичар и направил вештачка нога. По операцијата поминала неколку месеци во количка, па и е ставена протезата. По десет дена таа веќе одела со вештачката нога.
Еден ден на Фејсбук налетала на модна агенција која барала лица со инвалидитет.
-Никогаш не размислував дека можам да станам модел, но им пратив порака со цел да се охрабрам, а и други да се преклучат. Утредента ми се јавија и ми предложија да одам во Лондон на снимање. Договорот набргу беше потпишан.
-Можеби ќе бидам прв светски модел со инвалидитет. Животот е краток за да размислувам што можеше да се случи – рече Бернадета.