Италијанскиот писател Роберто Савијано е на врвот на списокот на луѓето што злогласната неаполска мафија Камора сака да ги ликвидира. Тој беше ставен на црниот список на мафијата поради нефикцискиот роман „Гомора“ од 2006 година, во кој откри дел од работите и секојдневието на мафијата во Неапол.
Веќе 13 години Савијано живее под 24-часовна полициска заштита. Тој мора да ги најави сите свои движења два дена однапред за да можат неговите телохранители да ги прегледаат местата што планира да ги посети. Не смее да вози велосипед, автомобил или мотоцикл ниту, пак, да држи неделни предавања или курсеви. Тој не смее да оди во кино освен ако салата не е резервирана само за него.
„Не се плашам од смртта, туку од ваквиот начин на живеење. Не е дека јас особено се плашам, но кога ќе чуете толку многу за сопствената смрт, ќе почнете да гледате на неа како на нешто што не е во никој случај ваша грижа”, вели 39-годишниот писател.
”