Српскиот весник „Ало“, во денешното печатено издание најавува нов скандал во Македонија, поврзан со странска амбасада во Скопје.
– Нè очекуваат нови скандали, наскоро ќе избие афера во врска со странска амбасада во Скопје, најавува претседателот на ДПСМ Иван Стоиљковиќ за весникот „Ало“.
Кометирајќи ја аферата „Рекет“, Стољковиќ објаснува дека станува збор за комплицирана ситуација, од која тешко ќе има разрешница, која би се добила само со голем притисок од надвор.
– Не очекувам да падне владата, бидејќи премногу вложија во неа ЕУ, САД, НАТО. Но, се надзира крај на владеењето на Зоран Заев, кое е раздрмано под притисок на јавноста. Очекувам да има апсења на лица од аферата „Рекет“, како на пример на Катица Јанева, но и тоа е проблем за власта, бидејќи таа ќе рече: “Вие ме поставивте.” Кого да апсат? Себе? Комплицирана е состојбата, затоа очекувам да се засили притисокот од надвор, пред се во спроведувањето на Тиранската платформа, вели Стоиљковиќ за Ало.рс
Весникот ги анализира и последните случувања во аферата „Рекет“, како и разговорите кои ги објавува „Ла Верита“.
– Додека Боки е во притвор, неговиот пријател Зоран Заев е на слобода, анализира Ало.
Објаснувајќи детално дека се слуша Катица Јанева, дека Боки се фали за секојдневен контакт со неа, за контролата врз Лиле Стефанова и сите останати детали, „Ало“ напоменува дека станува збор за скандал каков што не се памети во Европа.
– Во еден од разговорите, Боки споменува дека му помага извесен Зоки, станува збор за Зоран Башановиќ, анализира „Ало.“
Во разговорите, Боки го ословуваше со ЗЗ премиерот Зоран Заев.
На прашањето дали очекува Заев да избега во Будимпешта како Груевски, Стоиљковиќ вели:
– Можеби би избегал во Софија, не знам каде на друго место би можел. Очекувам жешка есен во Македонија, вели Стоиљковиќ.