Емили Ратајковски со години наназад е една од најубавите и најатрактивни жени на светот. Често се слика разголено, а со новата слика на Инстаграм привлече големо внимание.
Имено, таа позираше со влакнести пазуви, со што ги шокираше своте фанови.
Но, американската убавица со фотката сакаше да укаже на правата на жените, за што и пишуваше во својот есеј во “Harper’s Bazaar”.
-Дајте им можнот да жените да бидат се што ќе посакаат. Напишав есеј во “Harper’s Bazaar” за важноста на жените да бираат како да се облечат, што да објават на социјалните мрежи и да ли да се бричат или не – напиша меѓудругото Емили, а за фотката доби многу лајкови, особено од нејзините следбенички.