По раскинувањето Ирина Шајк и Бредли Купер постојано се во центарот на вниманието и се следи секој нивен чекор.
Така, Ирина со својата мајка Олга и со ќерката Леа биле фотографирани додека уживаат на јахта на Ибица. За оваа прилика Русинката се облекла во зелено танга бикини во кое ја покажала одличната фигура.
Инаку, по раскинувањето на четиригодишната врска, Ирина се исели од домот каде што живееше со Бредли и се посвети на своето семејство и работа. Тие по разделбата останале во добри односи, но малата Леа и припаднала на Ирина.