Популарниот пар Леонардо Дикаприо и Камила Морон се на одмор во Италија. Нивни придружници се родителите на 44-годишниот актер, Џорџ и Ирмелин, како и родителите на 22-годишниот модел, Лусила и Максимо. И родителите на Лео и родителите на Камила се разведени.
Камила сподели фотографија од Рим со мајка си Лусила, а целото друштво беше видено и во Ватикан и на Езерото Комо.
Интересно е што додека мајка и ги сликаше, манекенката го фати популарниот глумец за газето, а истото се случи и кога Леонардо ги фотографираше Камила со Лусила.