Најновото истражување на научниците на Универзитетот во Алабама покажа дека ако сакаме да ослабеме, последниот оброк во денот треба да ни биде ручекот, и тоа во 14 часот.
Истражувањето е вршено на група луѓе која јадела 12 часа дневно, и група која јадела 8 часа, и тоа до 14 часот. Кај групата која со ручек го завршувала денот е забележан помал апетит и губеење на килограми. Луѓето кој повеќе јаделе во попладневите часови имале полошо здравје од оние кои доручкувале, ужинале и ручале до 14 часот.
Инаку, најдобро е да се јаде рано наутро бидејќи тогаш е најдобра контролата на шеќерот во крвта. На почеток сигурно ќе чувствувате глад, но кога ќе се навикнете ќе сватите дека таквиот ритам на исхрана на најдобар за вашето здравје и за вашата линија.