Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Дизурија е широк поим кој опишува болка, дискомфорт, жарење, печење за време на актот на мокрење. Болката може да потекнува од мочниот канал (уретра), мочниот меур (уровезика, бешика) или перинеумот. Честа појава е. Почесто се јавува кај жени отколку кај мажи и почесто е кај постари отколку кај помлади мажи.
Уретрата е канал кој ја изнесува урината надвор од телото. Перинеум кај мажите е просторот помеѓу скротумите и аналниот отвор, а кај жени тоа е просторот меѓу отворот на вагината и аналниот отвор.
Болното мокрење е чест знак на инфекција на уринарниот тракт, најчесто од бактерија. Инфекциите на уринарниот тракт се почести кај жени поради пократката уретра која помага бактериите полесно да навлезат во мочниот меур.
Други ризик фактори за развој на уринарна инфекција се дијабетес, постара возраст, зголемена простата, каменчиња во бубрезите, бременост, уринрен катетер.
Мажите имаат болно мокрење најчесто при простатитис, воспаление на простатичната жлезда. Се јавува болно мкрење со печење, жарење, дискомфорт.
Сексуално преносливите инфекции (СПИ) исто така може да се причина за болно мокрење. Генитален херпес, гонореа, хламидија. Висок ризик е незаштитен сексуален однос или повеќе сексуални партнери.
Интерстицијален циститис (ИЦ) или Синдром на болна бешика – болка и осетливост, сензитивност во бешиката и пелвичната регија. Не се знае точната причина зошто се јавува.
Радијационен цистит како последица на терапија со зрачење.
Каменчиња во уринарниот тракт.
Иритација од сапуни, лосиони, купки за бањање, детергенти за перење, омекнувачи, спермициди, други алергени кои го иритираат ткивото околу отворот на уретрата и вагината може да предизвикаат болка при уринирање.
Иритација на уретра од сексуална активност.
Вагинални промени поврзани со менопауза.
Активности како јавање коњи, возење велосипед.
Тумор на уринарен тракт.
Одредени храни може да ја иритираат бешиката – алкохол, кофеин, силно зачинета храна, вештачки засладувачи, цитрусни овошја, продукти од домати.