Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Често мокрење е потреба да се уринира пвеќе од што е нормално. Често мокрење се нарекува и состојбата на преактивна бешика. Ако се пијат околу 2 литра течности на ден повеќето луѓе мократ, уринираат шест до осум пати за 24 часа Ако се внесува повеќе течност може да се мокри и десет пати и тоа е нормално ако не интерферира со квалитетот на животот.
Внес на многу вода, течности предизвикува почесто мокрење; 20-30% од водата се внесува со храната.
Инфекција на уринарниот тракт, на мочниот меур (цистит) е најчеста причина за често мокрење.
Интерстицијален циститис, Синдром на болен мочен меур – постојано се има чувство за мокрење и се мократ мали количини. Симптомите се слични на инфекција, постои болка во долен дел на стомак над бешиката, болка може да има и при сексуален однос. Бешиката е многу осетлива. Точната причина не секогаш може да се открие но често се пврзува со инфламација на бешиката.
Бубрежни каменчиња, каменчиња во бешика – се има чувство дека постојано, често треба да се мокри но се мокри мала количина на урина.
Проблемите со простата се најчеста причина за почесто морење на помала количина на урина и ноќно морење (никтурија) кај повозрасните мажи.
Диуретици се лекови за измокрување кои најчесто се употребуваат за намалување на крвниот притисок, кај срцеви и бубрежни состојби.
Алкохол, кофеин – делуваат како диуретици.
Слабост на пелвичната мускулатура – тоа се мускулите од малата карлица кои може да ослабат или да се оштетат при бременост, породување.
Менопауза – кога теото произведува помалку естроген може да се јави потреба за почесто мокрење.
Дијабетес мелитус – шеќерот во крва е повисок и се јавува во урината. Ова повлекува повеќе вода од телото и почесто се мокри. Честото мокрење е еден од првите знаци за дијабетес.
Диабетес инсипидус –кога телото нема доволно или не може да го искористи хормонот вазопресин, антидиуретичен хормон (ADH) кој помага колку течност да се исфрли од телото. им кажува на бубрезите да се ослободи од водата во телото. Може да се измокрваат и до 15 литри на ден.
Вагиноза (инфекција на вагината), вагнитис (инфламација) – кога вагината е нападната од бактерии, габички, вируси, лекови, иританси, хемиски креми, спрејови, синтетички долна облека. Се јавува непријатен мирис, болка, чешање при мокрење и при сексуалн однос.
Бременост – честото мокрење е ран знак на бременост. Се јавува поради пораст на хормонот на бременост, хуман хорионичен гонадотропин (hCG) кој го менува капацитетот на бешиката. Крвниот проток низ бубрезите се зголемува и тие создаваат до 25% повеќе урина. Како бебето расте во матката се прави притисок на мочниот меур, особено во последните три месеци.
Мозочен удар, мозочни и нервни болести, Паркинсонова болест, Мултипла склероза – се оштетуваат нерви и делови од мозокот кои учествуваат во контрола на актот на мокрење.
Тумор на бешика, во мала карлица.
Констипација – кога цревата не се празнат редовно и се исполнети може да притискаат на бешиката и да создаваат потреба од почесто мокрење.