Една од најпознатите светски манекенки, Клаудија Шифер, ќе ја краси насловната страница на августовското издание на италијанскиот „Вог”. За потребите на истото, германската убавица позирала целосно гола, со тоа што ги покрила само интимните делови од телото. „Ти благодарам “Вог” за насловната страница”, напиша Клаудија на Инстаграм и објави како таа ќе изгледа.
Фотографијата доби само позитивни коментари, а фановите ѝ пишуваат дека изгледа фантастично. „Најдобар топ модел на сите времиња”, „Клаудија засекогаш”, се само дел од коментарите.
Шифер започна професионално да се занимава со манекенство на 17 години и брзо стекна светска слава. Работеше за најпознатите светски модни дизајнери и брендови како Диор, Шанел и многу други. Во 2002 година стапи во брак со американскиот продуцент Метју Вон, а пред неколку месеци тие заедно се појавија на премиера на еден филм.