Параглајдерист падна врз колата на историчарката на уметност Соња Абаџиева при слетување во село Љубаништа, охридско. Абаџиева, која со сопругот радиологот д-р Ванчо Димитров се на летување во Љубаништа, за СДК. МК вели дека параглајдеристот паднал на нивната кола при што се здробила шофершајбната, дел од покривот и вратата.
Инаку, 57-годишниот параглајдерист кој бил од САД се здобил со повреди. Потоа со возило на итна медицинска помош бил пренесен во охридската болница.
„МВР соопшти дека во СВР Охрид било пријавено дека во с.Љубаништа, охридско паднал параглајдерист. Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека при слетување на плажата со параглајдер Д.Ј.Р.(57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка „мицибуши“ со скопски регистарски ознаки. Д.Ј.Р. со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“. Се превземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.