Една од најубавите српски глумици Марија Каран која живее во Лос Анџелес речиси никогаш не постира слики од приватниот живот. Сепак, таа ги изненади своите следбеници со фотки во бикини на кои се гледа дека е во одлична форма.
Треба да се напомене, дека глумица на сликите нема користено фотошоп и дека е во природно издание, за што доби комплименти за својот изглед.
Инаку, Марија има 37 години, мајка е на тригодишниот Марк Лоа, а за холивудскиот агент Џоел Лубин се омажи во 2014 година.