Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Tестисите се два овални машки сексуални органи сместени во скротум од двете страни на пенисот. Продуцираат сперматозоиди и хормон тестостерон кој игра главна улога во развојот на машката сексуалност.
Болка, јазол и оток во тестисите може да се причинети од:
Варикокела (проширени вени во тестисите, како “торбичка со црви”) е релативно честа појава, зафаќа еден на седум мажи. Обично се открива после пубертет (кога телото сексуално созрева), тогаш тестисите се целосно пораснати и крвниот проток во зафатените вени се зголемува.
Хидрокела, оток од течност околу тестисот, зафаќа две на 100 машки новороденчиња. Може да се јави и кај постари момчиња и кај мажи по повреда или инфекција.
Eпидидимална циста, јазол од колекција на течност во епидидимот, се јавува кај една третина мажи. Најчеста циста се гледа кај средовечни мажи но може да се развие во било која возраст.
Tорзија на тестис, болен оток кој се јавува нагло кога тестисот се изврти, претставува медицинска итност и бара хируршка интервенција што е можно поскоро. Се јавува кај момчиња на возраст од 13-18 години, но може да се јави и подоцна. Не е честа состојба.
Карцином на тестис е еден од најретките карциноми. Се јавува кај млади мажи, меѓу 15 и 49 години. Четири од 100 јазли на тестисите се карцином.
Епидидимитис е инфекција во епидидим која предизвикува инфламација, оток и осетливост во скротумот. Ако целиот скротум е отечен, црвен и болен тоа е епидидимо-орхитис.