Д-р мед.сци. Маја Милованчева-Поповска
интернист-нефролог
ПЗУ Промедика Медикал Центар
Карцином на простата се јавува кај еден од шест мажи. По карциномот на белите дробови тој е втор најчест карцином и водечка причина за смрт од карцином кај мажите. Ако мажот живее до возраст од 80 години, шансите за карцином на простата растат до еден на тројца. Болеста примарно ги напаѓа мажите преку 40 години.
Некои од симптомите на карциномот се исти со симптомите за инфекција на простата или зголемена простата. За жал, повеќето случаи на карцином на простата немаат симптоми сé додека не стане предоцна. Затоа се препорачува еднаш годишно да се прави преглед за мажи над 40 години. Крвен тест, простата-специфичен антиген, ПСА, помага за дијагноза на карцином на простата во поран стадиум. Се препорачува ПСА да се прави еднаш годишно кај мажи над 50 години. Мажи со роднини прво колено (дедо, татко, брат или син) кои имале карцином на простата пред своја 65 година треба да почнат да ја проверуваат простатата од 45 години.
Покачен ПСА не е неопходно да значи карцином, тестот може да е покачен и при зголемена простата, но е најдобар тест кој денес е на располагање. Ултразвучниот преглед се користи за да се визуелизирааат внатрешните делови на простата, формата, ограниченоста о околните структури, големината. Ако постои сомнение за карцином (дигиталнто рекално туше – ДРТ, ПСА, ултразвучен преглед) треба да се направи биопсија. Се земаат примероци од неколклу различни места во простатата кои патохистолошки се испитуваат.
Многу мажи кои добиле карцином на простата не умреле поради него, тие умреле со него. Денес со рана детекција и подобрен третман само 1 маж на 34 умира од карцином на простата. Ако карциномот на простата не се дијагностицира рано, тој се шири, метастазира. За разлика од многу други карциноми, карциномот на простатата споро расте и мажите живеат со него со години. Ако не е проширен, третманот зависи од резултатот од биопсија (радиотерапија, brachytherapy и надворешно зрачење, операција, лекарства-хормонална аблација).
За среќа, има чекори за намалување на ризикот од развој на проблеми со простатата, нејзино зголемување и карцином. Можеби е најважно, да се намали внесот на сатурирани масти во исхраната (месо и преработки од месо, полномасни млечни производи, чоколадо, сладолед, путер), мастите го зголемуваат ризикот за карцином и влијаат на брзината со која тој расте.
Над два литри вода на ден. Темелното плакнење ги одржува простата и уринарниот тракт здрави и среќни.
Доволно цинк во исхраната. Добри извори на цинк се житарки цело зрно, семки, грав, школи и друга морска храна.
Помалку кофеин, алкохол.
Има повеќе додатоци на исхраната, витамини и минерали кои се благопријатни за простата.
Раното откривање на карциномот на простата кога може успешно да се третира е најважното нешто. Затоа се потребни редовни прегледи.