Овен (21.03 – 20.04)
На работното место секојдневно ви се случуваат промени. Тие промени ве оптоваруваат и не ви дозволуваат да се концентрирате на важните работи. За жал, попладнето наместо да го поминете во одмор, вие ќе морате да работите. Се работи за хонорарна работа која деновиве ќе ви донесе одредена сума на пари.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес ќе сакате да зборувате за вашата емотивна состојба. Иако тоа не се забележува, вие сте многу амбициозни. Таа амбиција ве тера да работите напорно и да се борите за унапредување. Денес ќе имате разговор со претпоставениот. Зборовите што ќе ви ги каже нема да бидат многу јасни и вие нема да знаете дали треба да му верувате или не.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Внимавајте на трошоците. Денес можете да дојдете во ситуација да направите поголем трошок којшто може понатаму да ви се одмазди. Попладнето ќе го поминете во поголемо друштво. Разговорите што ќе се водат, освен што ќе ве расположат, можат да бидат полезни и за вашиот бизнис. Можно е да слушнете интересна идеја.
Рак (22.06 – 22.07)
Можно е да бидете во ситуација во која е потребно да оставите што е можно подобар впечаток. Ако дадете се од себе и ако се однесувате природно, можни се и нови, квалитетни познанства. Нека не ве загрижува лошата здравствена состојба, ќе успеете да ја подобрите со поквалитетна исхрана.
Лав (23.07 – 22.08)
Одвојте малку време за вашето семејство, помогнете им на блиските да поминат преку препреките кои им се поставени, денес денот ќе ви биде таков. Ќе работите повеќе за другите отколку за себе. На крајот ќе бидете среќни, исполнети и задоволни.
Девица (23.08 – 22.09)
Ви претстои период исполнет со работа. После долгите работни денови, опуштете се со мал шопинг и дружба со пријателите. Некој повик кај вас ќе предизвика немир, но сето тоа ќе биде само недоразбирање.
Вага (23.09 – 22.10)
Време е да излезете и да почнете да се дружите. Со добра организираност ќе имате време за сѐ. Не заборавајте на вашиот изглед, посетете ја теретаната во ваша близина. Финансиските проекти во кои учествувате ќе ви донесат одличен приход.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Зголемете ја вашата самодоверба. Со тоа ќе ги убедите деловните партнери дека сте способни за повисока позиција. Работете и на самодоверната со партнерот, покажете ја страната што досега не ја видел. Ви претстои убава можност за деловно остварување.
Стрелец (22.11 – 21.12)
После успешната работа и добро изврешениот проект, време е за се почесите со кратко патување, како и голема релаксација. Закажете дружба со пријателите. Чистиот воздух во планина ќе ви донесе големо освежување. Внимавајте на вашето здравје.
Јарец (22.12 – 20.01)
Време е да бидете помалку тврдоглави во односот со вашиот партнер, попуштете и задоволете ги неговите потреби. Со широката насмевка на лицето во денешниот ден, ќе ви се отворат многу врати. Ќе запознаете интересни пријатели кои можат да ви помогнат и на деловен план.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денот искористете го за повеќе дружба и запознавање со нови пријатели. Некој од вашите нови пријатели можеби ќе биде и вашиот иден партнер. Здравјето е добро, но внимавајте со прекумерната внесување на храна.
Риби (20.02 – 20.03)
Обврските што ве очекуваат денес, не оставајте ги за утре. Дури и после работното време ќе се чувствувате исполнето и со енергија. Затоа, крајот од денот искористете го за да присуствувате на забава. Направете планови за продолжениот викенд, но сепак деловните обврски не ги оставајте за наредната недела.