ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ: Со кацига ограбил обложувалница во Прилеп (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во Прилеп се одиграла вистинска драма кога ограбувач влегол со кацига да ограби обложувалница.

Претходно, сторителот веќе неколку дена го посетувал објектот, бил таму на 20, 21 и 24 овој месец, но притоа немал храброст да го изврши делото, како што всушност покажува и снимката од видео-надзорот во објектот, објави порталот „Шеталиште”.

Додека го посетувал објектот тој носел кацига на главата, а до местото на настанот доаѓал со велосипед.

За настанот информираше и СВР Битола под чија надлежност е ПС Прилеп.

останати вести