Актерката Јелена Јованова ги освои симпатиите на македонската јавност со улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“. Во серијата таа е секогаш нашминкана, а сега Јелена на својот Инстаграм профил постави две фотки во природно издание, односно без шминка. За својот природен изглед таа доби пофалби од своите следбеници.
Инаку, Јелена Јованова веќе четири години е во среќан и хармоничен брак со колегата од Хрватска – актерот Стјепан Периќ. Нивната љубов се случила пред камери во 2014 година кога заедно ја снимаа серијата „Тајни“, каде Јелена ја имаше главната улога. Денес тие живеат во Хрватска, а Јелена во Македонија најчесто доаѓа поради професионални ангажмани.