ЗАВРШИ ВО УРГЕНТЕН: Пејачка падна во несвест во ресторан (ФОТО)

by Тони Зографски

Поради напорното темпо на настапи, пејачката Каја Остоиќ си го загрози здравјето. Таа се онесвестила во еден ресторан во Белград додека била на ручек со пријателката и веднаш со Брзата помош била пренесена во Ургентниот центар.
-Само што нарачаа Каја пребледе и се пожали дека нешто не е во ред со нејзините раце кои и “трнеле“.  Потоа се онесвести, а пријателката едвај успеа да ја задржи да не падне на подот и да си ја удри главата. Веднаш стигна Брзата помош и иако Каја не сакаше да оди таа веднаш беше пренесена во болница – вели извор и додава:

-По направените анализи е утврдено дека нејзиниот организам е во лоша состојба, а крвната слика никогаш не и била полоша. И порачаа да ја промени исхраната, да зема витамини и повеќе да се одмара.

 

останати вести