Вадење на таблиците на автомобилите на туристите во грчките летовалишта стана секојдневна пракса во последниве години.
Најнов пример е забележан во Афитос на првиот крак на Халкидики, каде на сите паркирани коли во редот им биле извадени регистарските таблици од страна на грчката полиција.
Инаку, најмногу таблицита на туристите се одземаат на Тасос, Халкидики и во Солун.
Казната изнесува од 40 до 80 евра и не постои можност таа да се намали ако се плати на лице место.