Новинарот Гоце Михајловски кој синоќа беше обвинет од неговиот колега Саше Ивановски за напад врз него пред кафулето „Манда“ рече дека го пријавил лажното обвинување од Саше Политико, со видео доказ од безбедносните камери.
Статусот на Михајловски го пренесуваме во целост:
„Заканите по сигурноста и говорот на омраза ги пријавив во полиција. Го пријавив и лажното обвинување дека сум го нападнал, со видео доказ од безбедносните камери. Јас не знам што треба да се случи за некој во државава да стави крај на лажните вести, омразата и потикнувањето насилство“.