Македонската актерка Јана Стојановска пред еден месец во Белград се омажи за кошаркарот на МЗТ Скопје, Андрија Бојиќ. Српските медиуми последниве денови пишуваа за нашата глумица која ја запознаа пред две години во серијата „Сенки над Балканот“. Јана Стојановска тогаш во улогата на опасната Јованка го привлече вниманието на телевизиската публика.
Српските медиуми откриваат и дека на свадбата присуствувал и познатиот актер Раде Шербеџија кој меѓудругото беше дел од холивудскиот серијал “Невозможна Мисија“ со Том Круз.
Впрочем, Раде е близок пријател на таткото на Јана, покојниот актер Ненад Стојановски.
Инаку, Јана Стојановска за некој месец ќе стане мајка.