Овен (21.03 – 20.04)
Денес прегледајте ја точноста на сите важни документи кои ви се потребни за некој состанок, некој бизнис план. Обидете се пронајдете некоја грешка. Работниот ден ќе го завршите успешно, а во попладневните часови ќе се опуштите во друштво на пријателите и саканото лице.
Бик (21.04 – 21.05)
Навлегувате во креативна фаза која ќе ви помогне да покажете се што можете, а можете многу. Не се грижете за малиот кредит или позајмица која сте ја земале бидејќи вие сте одговорни со парите, па како и секогаш ќе успеете да ја вратите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе имате пријатни изненадувања кои ќе ве поттикнат дополнително да се залагате за вредните работи. Ќе бидете среќни овој ден бидејќи максимално ќе ја почувствувате поддршката од партнерот. Некој член од семејството ќе побара совет од вас.
Рак (22.06 – 22.07)
Денот ќе ви биде одличен, ќе бидете одлично расположени и постојано насмеани. Ќе ве израдува некоја вест од семејството. Не мислете на работата, уживајте во приватниот свет барем за кратко. Вечерните часови ќе ги поминете во друштво на пријателите.
Лав (23.07 – 22.08)
Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чувствувате. Некои претставници ќе уживаат во добрата книга, некои ќе сакаат забава, а пак некои ќе се опуштат во друштво на пријателите. Во секој случај ќе уживате.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе планирате некакво патување. Бидејќи се работи за нешто што е многу привлечно и убаво поради тоа прекрасно ќе се чуствувате. Ќе бидете незадоволни со своето знаење, па многу од вас ќе планираат некое усовршување. Моментално сте многу превртливи и често се менувате. Обидете се да ја воочите оваа слабост и контролирајте ја.
Вага (23.09 – 22.10)
Немате причина да бидете загрижени. Денешниот ден ви носи доста пријатни моменти како на работното место така и во приватниот живот. Финансиската ситуација добива доста позитивен тек. Во сентименталниот живот, ако ништо не очекувавте од вашиот партнер може да се случи сосема спротивно, да бидете пријатно изненадени. Овој пат вреди да се ризикува.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не применувајте агресивно убедување и претерано зборување во комуникациите, затоа што ефектот може да биде обратен. Родените во третата декада кои се наклонети кон експериментирање во љубовта, потребно е да бидат внимателни, затоа што не се прогнозираат задоволителни резултати. Не ја провоцирајте личноста која многу ви значи.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Со пријателите ќе ги поминувате слободните моменти. Тие умеат да ви помогнат за да ги заборавите проблемите особено оние кои се однесуваат на вашето здравје. Слабата точка на организмотсе бубрезите. Не е ништо алармантно, но сепак вие сте исплашени. Обрнете му повеќе внимание на здравјето.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе бидете загрижени и вознемирени. Избегнувајте ги сите рискантни работи и внимавајте на неточните информации. Финансиската ситуација е релативно добра. Во љубовниот живот ве очекуваат расправии и тоа поради љубомора.
Водолија (21.01 – 19.02)
Најмногу задоволство ќе наоѓате во незадолжителните дружења и контакти со луѓето кои ги сакате. Финансиската ситуација помалку ќе ве измачува, вашите примања се помали од моменталните трошоци. Размислете и пронајдете додатна заработувачка. Сентименталните односи ви се стабилни.
Риби (20.02 – 20.03)
Прифатете ги сите деловни понуди кои потекнуваат од странство. Успех им претстои и на оние претставници чија работа се состои од патување. Очекувајте успех од личност од вашето семејство што за вас ќе биде голема радост. Ве очекуваат парични проблеми.