Овен (21.03 – 20.04)
Денешните настани ќе ве вознемират бидејќи ќе ви ги пореметат плановите. Не се жалете на поголемиот обем на работа, бидејќи тоа ви носи можност да се истакнете во работната средина. Некој пријател ќе ви соопшти тајна за која ќе побара помош од вас.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашата вештина за комуницирање ќе ве издигне високо над колегите, ќе успеете да завршите некоја многу важна работа која ќе ви донесе и зголемување на платата. Денес не треба да се нервирате за постапките на партнерот, тој можеби е малку пасивен, но без грижи ќе ги заврши сите обврски.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Некоја личност која ви е многу блиска ќе ви открие дека има проблем со некоја зависност. Во трката да и помогнете можно е да се повредите себе. Олабавете малку и не се преокупирајте во голема мера со туѓите проблеми. Денешните обврски нема да ви дозволат да се релаксирате.
Рак (22.06 – 22.07)
Некои трауми од минатото ве спречуваат да завршите некои нешта. Не се преокупирајте со минатото, таквиот пристап ќе ви одмогне во плановите. Едноставно заборавете што било и зачекорете напред. Влошената здравствена состојба бара од вас одмор и квалитетна исхрана.
Лав (23.07 – 22.08)
Некои успешни и влијателни лица денес ќе ве искритикуваат за малата ангажираност од ваша страна кога станува збор за делувањето во некои важни задачи. Вие ладнокрвно ќе се повлечете и доколку тоа навистина го направите така, ќе загубите многу. За проблемите во љубовта конечно ќе најдете решение.
Девица (23.08 – 22.09)
Вистинската љубов се наоѓа околу вас блиску но некако тешко ви оди препознавањето. Некој ќе ви посочи каде грешите, тоа ќе биде блиско лице, затоа не му се лутете, има добра намера. Некоја Шкорпија со која во минатото сте имале проблеми ќе се обиде да манипулира со вас, внимавајте.
Вага (23.09 – 22.10)
Здравјето во моментов ви е на прво место, па затоа не ја пропуштајте приликата да се поврзете со луѓето кои се занимаваат со физичка активност и здрав живот. Таквите пријатели ќе ви донесат подобрување на општата состојба. Обврските на работа оставете ги малку настрана.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Ова е поволен период во кој ќе профитирате на секое поле. Застанете на чело во вашиот деловен тим, застанете на чело во семејството и искористете го поволниот период за да забележите одлични резултати. Планетите ви се наклонети, па затоа очекувајте повеќе среќа и подобрување на материјалната состојба.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Месечината во фаза на полнење ви носи нови можности на професионален план, а ако се поставите пријателски кон некој Рак, Бик или Лав, можете да очекувате нови деловни понуди, зголемување на приходите или некој друг вид на унапредување. Можете да добиете неочекуван повик од странство во вечерните часови.
Јарец (22.12 – 20.01)
Доаѓа до позитивна трансформација во вашиот начин на размислување и прифаќање на целокупната животна ситуација. Потполно сте подготвени за поголеми промени, ви се враќа оптимизмот и движечката енергија. Обидете се да го прифатите здравиот начин на живот
Водолија (21.01 – 19.02)
Ве очекуваат нови обврски и веројатно ќе се поставите како што треба во една за вас релативно позната средина или во ситуација во која сакате да истакнете дека никого не фаворизирате. Добрата соработка со Јарец или Шкорпија може да биде многу стресна за вас ако не сте си ги регулирале финансиските обврски. Вашиот рејтинг во друштвото значително ќе се подобри, а и за финансиите доаѓа позитивен период.
Риби (20.02 – 20.03)
Имате некој сомнеж кој не ве остава мирно да седите. Постојано провоцирате и се обидувате да направите кавга во која лицата околу вас ќе се издадат што мислат. Ве мотивираат погрешни нешта, поради кои во иднина ќе имате проблем. Финансиската ситуација која веќе е сложена во блиска иднина ќе биде уште потешка, бидејќи постои можност да ја загубите работата.