Српската мисица Дијана Милојковиќ почина по долго и тешко боледување на 33- годишна возраст.
Како што се наведува, нејзиниот брат Милош Милојковиќ се огласи на Инстаграм и со тажен статус ја потврди оваа информација.
„Почивај во мир, сестро“, напиша тој.
Инаку, Дијана долго се бореше со опасната болест, а пред повеќе од месец дена во српската јавност одекна веста дека итно и е потребна крв.
Дијана, Мис на Европа од 2014 година, со својот однос кон борбата со ракот инспирираше многу луѓе да и се восхитуваат и да се истраат во борбата со ракот.