Пијан 25- годишен Швеѓанец бил приведен во полициската стаица во Центар, откако претходно дивеел и кршел инвентар во угостителски објект, а го претепал и рецепционерот.во хотелот во кој бил гостин.
Според пријавеното, во Полициската станица Центар бил приведен С.А.Ј.(25) од Шведска поради тоа што под дејство на алкохол кршел инвентар и ги вознемирувал гостите во угостителски објект, а физички го нападнал и рецепционерот Б.Ѓ. во хотелот во кој бил гостин.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.