1,5K
Од јавното обвинителство потврдија дека синоќа во Охрид е запленет еден глисер во сопственост на „второосомничениот“ во случајот „Рекет“ Зоран Милески (Зоки Кичеец).
Институцијата, засега не ги потврдува информациите дека во градот се запленети и други предмети, како луксузни автомобили, за што веќе пишуваа повеќе медиуми.
Меѓудрогото се пишуваше дека во кругот на охридската „Касарна“ се наоѓа пловило кое вреди повеќе од 100.000 евра, а дека запленети се џипови, мотори, и скутери за забава на вода.
