Поранешниот менаџер на Тоше Проески, Љиљана Петровиќ пред шест години ја подигна најголемата плантажа со лаванда во Србија. На повеќе од триесет хектари се засадени 600.000 растенија од оригинална француска лаванда “вера”, кој се користи како основа на сите парфеми и лекови. Експертите велат дека тоа е најголемата плантажа во Србија, една од трите најголеми во Европа, и меѓу најголемите плантажи во светот.
-Започнав на неколку хектари зејма а сега имам откупено околу 2.000 парцели од 680 сопственици. И понатаму откупувам земји, но сега заедно со моите пријатели. Во моментов имам и 30 кооперанти. На сите нив им дестилирам масло од лаванда и заедно настапуваме на пазарот – вели Љиљана и открива дека до крајот на годината ќе потпише договор со една голема француска компанија, така да се гарантира продажбата на нејзините кооперанти во следните десет години.
Инаку, Љиљана порано изјави дека иако имала многу понуди да биде менаџер на пејачи од Балканот и европските земји, таа одлучила да го напушти шоу бизнисот по загинувањето на Тоше.
– По несреќата размислував да работам нешто помирно и да не биде поврзано со медиуми бидејќи повеќе не сакав да бидам медиумска личност. Се определив за лековитите билки поради земјата која ја имав наследено од мојот дедо -рече Лилјана.