Еден од уредниците во 1ТВ на притворениот Бојан Јовановски, новинарот Александар Чомовски гостувајќи во емисијата Стадион на радио “Канал 77“ прозборе за ситуацијата во која се наоѓа оваа телевизија.
Чомовски рече дека не знаел дека Боки 13-ка бил под посебни истражни мерки неколку месеци.
– Доколку Бојан бил под ПИ мерки и бил прислушуван, значи дека сме биле и ние прислушувани. Ние сме се слушале со него еднаш два дена во просек, да се договориме за емисиите и слично – рече Чомовски.
Чомовски додаде дека не му е јасно како еден бизнисмен како Орце Камчев би можел да се исплаши од човек како Бојан Јовановски, алудирајќи на тоа дека во овој случај играта е многу поголема.
Во емисијата телефонски се вклучи и адвокатот Александар Тортевски, па го запраша Чомовски како такви новинарски имиња не знаеле од каде му се парите на Јовановски.
– Ние не сме ниту адвокати, ниту УЈП – рече Чомовски.