Овен (21.03 – 20.04)
Ако сте поврзани со странство, студии, уметност, мода, работа со луѓе, ќе ви се отвори вратата за се што ќе работите. Сите креативни работи ќе се движат по нагорна линија. Некои од вас ќе обноват една пријатна друштвена врска и познанство.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе бидете во прекрасна форма, доста од времето ќе поминете во друштво со вашите пријатели. Убав ден и за заљубените кои би можеле да доживеат совршена хармонија во односите со личноста која ја сакаат. Ќе имате изразена потреба за луѓето да ве сакаат.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате многу идеи и ќе добиете прилика да разговарате за можностите кои се поврзани со реализирањето на тие идеи. Некој Овен, Јарец или Стрелец ќе ви помогнат околу тоа. Од многу соработници ќе слушнете негативни коментари, но вие не им замерувајте, сето тоа е добронамерно. Имате начин како да дојдете до поголема сума на пари, не се откажувајте обидете се.
Рак (22.06 – 22.07)
Можеби ќе ја изненадите околината со повлекување во себе. Некои од вас искрено ќе се грижат за блиските личности и со нив ќе ги координираат плановите. Во слободно време може да ви се случи да ја запознаете вистинската љубов. Избегнувајте ги напорните работни задачи бидејќи лесно ќе се заморувате.
Лав (23.07 – 22.08)
Верувате дека ќе ги убедите Водолијата и Вагата дека би требало да ви овозможат уште една шанса. Ако сте сигурни во себе, покажете го тоа на начин кој нема да биде премногу нападен за оние кои досега не ви верувале. Ќе добиете повик од некој кој никогаш не ве воодушевувал, но сепак го цените.
Девица (23.08 – 22.09)
Бидете подготвени да примите лоши вести или лоши непланирани настани. Денес расположението ќе ви биде романтично, и затоа потешко ќе си ги завршите дневните обврски. Направете листа на вашите обврски пред да почнете да ги извршувате.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес најверојатни се непредвидени трошоци, но голема е веројатноста да ви се зголеми и приходот. Денес е денот кога ќе претворите еден ваш сон во целосна реалност. Воздржете се од предвремени заклучоци. Семејството се жали дека го запоставувате, вклучете го во поголема мера во вашиот социјален живот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Постапувајте практично во животот за да можете загубите да ги сведете на минимум. Ќе спасувате се што можете да спасите. Време за губење немате. Само со јасни погледи можете да ја постигнете целта во спротивно ќе имате недоразбирања со околината. Партнерот е прв на листата на осомничени за неискрено однесување.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Сите претставници на овој знак ќе мора да обрнат повеќе внимание на здравјето, бидејќи се можни проблеми. На љубовен план овој ден ви носи искушение на кое не треба да подлегните. Сега склопените љубовни врски можат да бидат без иднина, но сепак изборот останува на вас.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес ви претстои интересна средба со некој кој може да ве направи многу среќни, можно е да станува збор за некои финансии. Покажувате добра волја да ги решите проблемите за кои колегите долго време ви кажуваат. Обидете се да се прилагодите на некоја нова ситуација во домот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денот е одличен за планирање на нови работи заедно со Јарец или Рак. Поради нешто сте загрижени, а не дозволувате на никого да ви ја наметне својата идеја без оглед за што се работи. Дури и ако имате некои проблеми, премногу се оптеретувате со нив. Имате начин како да се договорите со Рибите околу некое важно прашање.
Риби (20.02 – 20.03)
Трудете се да бидете добро информирани и да се снајдете во ситуациите кои за вас изгледаат неповолни. Можно е да бидете загрижени поради нешто што во моментов го доживувате како прилично комплицирана ситуација. Ќе добиете вести од некој кој има решение за вас и кој е подготвен да ви помогне да решите некоја прилично тешка дилема.