Овен (21.03 – 20.04)
Одговорностите ви го насочуваат патот по кој ќе треба да се движите. Соработниците ќе ви бидат проблематични. Луѓето ќе бараат совети и одговори од вас, затоа бидете подготвени за нови предизвици. Оставате повеќе порстор и време за да дознаете повеќе информации. Некоја нова информација ќе го разбранува вашето срце.
Бик (21.04 – 21.05)
Време е да покажете на дело што сте способни да направите. Подарете на некому мал подарок, дарувајте одредена сума. Секое добро дело ќе ви се врати како бумеранг. Не бидете скептични. Светот е убаво место за живеење, но само ако вие си го направите такво. Блиските лица јавно ќе ви покажат колку им значите.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Завртени сте кон пријателите и оние кои ви нудат некаков вид на помош за вашите проблеми. Разговорите во четири очи можат да бидат многу успешни. Иако имате намера некого да го убедите да го прифати вашиот стил на работа, сеуште не сте одлучиле како да го направите тоа. Сепак, овој ден ви нуди можност да најдете некое компромисно решение или да добиете добар совет.
Рак (22.06 – 22.07)
Денес планетите ќе ви донесат одредена нестабилност. Тоа ќе влијае и на вашите односи со партнерот или блиските, што може да доведе до несакани ситуации кои ќе ви се вратат. Затоа, бидете внимателни кон оние што ви значат. Иако на работа не оди се како што посакувате, стрпете се малку и покажете повеќе почитување кон вашите работници и соработници.
Лав (23.07 – 22.08)
Непотребно се чувствувате запоставени од страна на колегите. Ќе учествувате во неколку кавги кои максимално ќе ви го расипат расположението. Во попладневните часови можете да очекувате повеќе повици од различни лица. Ќе имате и повик од некој додворувач кој ќе ви предложи нешто поконкретно. Финансиите ви се нестабилни.
Девица (23.08 – 22.09)
Би требало да се сретнете со Некоја Вага и да ги рамените вашите бизнис идеи. Оптеретени сте со евентуалните проблеми кои би можеле да се појават во соработката со колегите, можеби и со претпоставените. Сметате дека се многу неблагодарни за се што сте направиле за нив. Сте го запоставиле здравјето, внимавајте што консумирате.
Вага (23.09 – 22.10)
Не знаете како да го истакнете вашиот успех па постојано барате совети. Некои совети се добронамерни но некои не, внимавајте кој и што ви кажува. Семејството како и секогаш ќе биде вашиот најголем поттикнувач да ги пребродите кризите кои доаѓаат. Песимизмот не е вашиот сојузник, исфрлете го.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Денес не сте многу мотивирани за работа. Се обидувате да се сокриете и да не ги извршите работните задачи, но време е да се пробудите и да започнете со работа. Денес имате можност да се сретнете со некои поранешни соработници кои ќе ви понудат одлична можност за остварување на дополнителен профит. Но внимавајте, најпрвин консултирајте се со партнерот. Љубовта овој период ќе ви биде на највисокото ниво.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес се можни депресивни моменти кои можат да ве одалечат од пријателите. Најдоброто нешто што можете да го направите е да ги прифатите вашите пријатели какви што навистина се и внимателно да ги слушате нивните приказни. Не се обвинувајте себеси ако не сте успеале да влијаете врз нечиј живот со своите совети.
Јарец (22.12 – 20.01)
Можеби подолго време ќе чекате да добиете одлична деловна понуда, но секако дека ќе ја добиете. Сепак внимателно размислете за понудата, одлучете дали сакате со тоа да се занимавате во иднина и дали имате можност за напредување. Некој Стрелец или друг Јарец ќе ви помогне да донесете одлука.
Водолија (21.01 – 19.02)
За вас ќе постои поволен развој на настаните, а вие тоа одлично ќе го искористите. Финансиите во блиска иднина ќе бидат значително подобрени, така што ќе имате можност да ги исплатите сите заостанати долгови. Уживајте во љубовта која ви ја дава партнерот
Риби (20.02 – 20.03)
Кај вас ќе биде поттикната желбата за напредување, но доколку спаѓате во групата на оние кои не можат да поднесат критика, јасно и гласно ќе кажете се што мислите. Денот е доста поволен за вас, затоа искористете го и искажете ја вашата креативност.