Од она што досега е објавено во предметот „Рекет” на списокот на рекетирани имало триесетина бизнисмени – објави мкд. мк
Според сведоци, сценариото на рекетирање започнувало со одење на Бојан Јовановски, односно, Боки 13-ка на состанок кај бизнисмени или нивни блиски или кај нивните бранители.
Разговорите оделе отприлика вака:
Б.Ј.: Добар ден. Како сте? Драго ми е што се запознавме. Ова е директорот на маркетинг на 1ТВ, Лазар Јанев, инаку син на Катица Јанева.
Бизнисмен: Добар ден. Благодарам, добро. Повелете.
Б.Ј.: Би сакале да ви ги презентираме можностите за рекламирање на нашата телевизија. Лазе ќе ви ги каже деталите.
Бизнисмен: Ама јас не сум заинтересиран за рекламирање. Сега сме во некоја транзиција, кратење на трошоците, па во некоја наредна прилика…
Б.Ј.: Ама вашето име се споменува во случајот…
Бизнисмен: Да, знам. Ама тука навистина има некое недоразбирање…
Б.Ј. врти на мобилен, го вклучува спикерфонот и: Здраво Катице. Како си? Еве тука сум кај…, па си мислев дека може да му помогнеме, нели.
Следувал потврден одговор од другата страна на линијата и разговорот се прекинувал.
Б.Ј.: Можеме да ви спремиме одреден проект за рекламирање на нашата телевизија. Да биде видлива пораката и тоа ќе чини…. (тука разни се информациите – од 500 илјади до два милиони евра за рекламирање).
Б.Ј.: Дел од парите ќе одат на фактура, ама поголем дел ќе мора во кеш, знаете како е, ќе мора да се помогнат и другите…
извор: мкд.мк