Пејачката и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева деновиве имаше двоен повод за славење. Две важни годишнини, два родендена, кои ги одбележуваат можеби најважните нешта во нејзиниот живот: 12 години од постоењето на „Борка“ во Македонија и роденденот на нејзиниот татко.
Пејачката објави слика со нејзиниот татко на Фејсбук и ги наброи сите работи што за неа го прават посебен и најдобар татко на светот.
“Тој намногу се радува на моите успеси.
Тој со ноќи нема спиено поради мене.
Тој секогаш ми посакува да бидам среќна.
Тој секогаш е на моја страна, па дури и кога не сум во право.
Тој најмногу верува во мене, дури и кога јас не верувам во себе.
Тој ме научи да верувам во доброто, во љубовта, во секој нов ден.
Тој ме научи да го сакам животот.
Тој ме научи да простувам… но најважно да знам на себе да си простам.
Тој ме научи да помагам без да очекувам некој да каже благодарам.
Тој направи цел живот да се чувствувам најсакана на свет.
Тој е пример за добрина, љубов и трпение и благословена сум што ми е мој тате.
Тој е надобриот татко на цел свет!
Да си ми жив и здрав уште многу години.
Те сакам тато! Среќен ти роденден, па да го славиме уште долго,“ напишала Биба.
Инаку, Биба често објавува слики и пораки посветени на нејзината почината мајка, која боледуваше од рак, а која е и причината што Биба ја формираше „Борка“, организацијата што се бори против ракот на дојката.