Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ која пред пет месеци доживеа тешка сообраќајна несреќа во која автобус и ја откина раката ќе се мажи со дваесет години постариот колега Младен Мијатовиќ со кој подолго време се во врска- дознава Ало рс.
– Деа и Младен дојдоа до идеја да се венчаат на денот на нејзиниот роденден. По тешката несреќа сватија колку се сакаат, а предлогот на Младен да да организираа двојна веселба, роденден и свадба, со задоволство го прифати Деа -вели извор за ало. рс и додава:
-Младен не прашува колку ќе чини свадбата само нејзината сакана да биде задоволна. Со недели се занимава со организација, музика, декорација, мени… Очекуваат 150 до 200 гости а најверојатно ќе ги забавува Шако Полумента чии песни Деа особено ги обожава. Шако веќе прифати да пее на свадбата и и вети на Деа дека ќе и ја отпее секоја песна што ќе ја посака.