Д-р Елена Арсова, менаџер на Hair Clinic Beograd (www.hairclinicbalkan.com)
Со почнување на школската година, кога почнуваат и многу групни активности на децата, сите очекуваме и повторна појава на вошливоста. Американската асоцијација за борба против вошливоста повикува не само на борба за отстранување на вошливоста туку и на избор на безбеден начин за вашите деца. Не смееме да заборавиме дека децата се многу предиспонирани на вошливост но и на ризиците од хемиските третмани наменети да ги убијат вошките. Американската Академија за педијатрија изјави: „Изложеноста на децата на хемикалии треба да се сведе на најниско ниво“.
По тој повод разговараме со Елена Арсова, трихолог и медицински директор на 101 Hair Clinic.
Д-р Арсова, како се препознаваат вошките?
Само со директен преглед на косата не може да се потврди вошливоста затоа што знаците за вошливост не се специфични сами по себе. Чешање, ранички на кожата, црвенило, бели точки на влакното се сиптоми кои не се појавуваат само при појава на вошки. Перут, егзема, алергии на шампони исто така даваат вакви сиптоми. За да се диференцира мора да се прегледа косата под добро светло, по можност со лупа и да се бараат вошки. Вошките се ситни инсекти со нозе кои лазат, не скокаат и не летаат. И на силно светло бегаат па ќе можете лесно да ги видите. Кафеави се со големина на зрно до сусам и се движат. Најчесто се сретнуваат по ободот на косата, позади и околу ушите и кај вратот. Освен вошките се бараат и нивните јајца, гнидите како белузлави или жолти топчиња цврсто прилепени за влакното, кои не се движат. За разлика од перутот тие многу тешко се извлекуваат од влакното.
Кој е показател за присуство на вошки кај деца?
Не е секогаш лесно да се препознаат знаците на вошливост кај деца. Може да поминат и 6 недели додека се појават типичните знаци на чешање. Чешањето е најчестиот знак које резултат на алергиската реакција на кожата која се јавува од каснувањето од вошката. Освен чешањето може да постои чувство дека нешто лази по главата, ранички на кожата, црвени отоци на главата и вратот,па и тешкотии при спиење и нервоза. Но само со преглед на косата може сигурно да се потврди присуството на вошки.
Како се пренесуваат вошките најчесто?
Вошките се пренесуваат преку близок, личен контакт, особено кога главчињата на децата се доближуваат додека играат заедно или си зборуваат. Исто така вошките можат да се шират преку разменување на предмети за лична употреба, како чешли, додатоци за коса, јакни, капи и шалови, кациги, полнети играчки, слушалки за уши дури и ако децата лежат на ист кревет или тепих. Девојчињата имаат поголем ризик од момчињата да фатат вошки бидејќи тие сакаат да си шепотат тајни, да делат додатоци за коса (шноли, ластичиња, чешлиња, машни итн…) и да преспиваат една кај друга. Девојчињата исто така најчесто имаат долга коса, која полесно може да дојде во контакт со вошките. Потоа преку мебел и теписи во собата каде децата си играат. Преку шкафчињата во училиште каде можат да преживеат.
Како се отстрануваат вошките, на кој начин?
Во 2010 Американската академија за педијатрија даде насоки во третманот на вошливост. Но исто така последнава година предупреди да се намали изложеноста на децата на пестициди на најниско можно ниво. Шампоните против вошки се сеуште добар прв избор на третман, ако се одобрени дека се безбедни за користење. Но, ако овие производи не делуваат а ги користите правилно тогаш би требало да побарате друго решение. Најсовремениот апарат за отстранување на вошки е Роби електричен чешел кој ги убива вошките со електричен импулс и на сигурно ги отстранува а притоа е апсолутно безбеден за децата.
Кој е предизвикот во третманот на вошливост последните години?
Појавата на „супервошки“ кои се отпорни на вообичаените третмани. Студијата на Southern Illinois University, откри одреден тип на вошки кои се штитат од перметрин, вообичаената состојка на шампоните против вошки. Како резултат на високо ниво на мутации на гените, вошките успеале да развијат отпорност на дејството на пестицидите. Климатските промени, како благите зими и влажната пролет, исто така створиле идеални услови за развој на вошките. Затоа предизвикот сега е да се одбере третман кој не содржи пестициди а е ефикасен. Веќе подолго време чешлите кои користат електричен импулс ги заменуваат традиционалните шампони. Вошките немаат отпорност на електричниот импулс кој директно ги убива.
Кои се трендовите во последните години во третманот на вошливоста?
Сите производи и реклами се толку насочени кон третирање на вошките, што се заборава дека во суштина токму тој третман се изведува на нашите деца. Вообичаените шампони содржат високо ниво на хемикалии на кои ги изложуваме децата. Со оглед на фактот дека често настанува реинфестација на детето, децата многу почесто се изложени на пестицидите од шампоните. А уште поголема е загриженоста што вошките станаа отпорни на некои вообичаени пестициди кои се користат во шампоните, па родителите упорно го повторуваат третманот со истите производи. Исто така е установено дека на секои 4-5 години вошките развиваат отпорност и на новите пестициди кои се користат во производите. Затоа трендовите во последните години се да се намали изложеноста на децата на хемикалии и да се одберат алтернативни а успешни методи на третман, како електрични чешли, метални чешли, производи со природни состојки.
А што е со гнидите и нивното отстранување?
Мој впечаток е дека опасноста од преголема изложеност на пестициди доаѓа токму од фокусирањето на отстранувањето на гнидите со користење на вообичаените шампони. Независно што тврдат рекламите, пестицидите од шампоните можат да ги убијат само вошките, не и гнидите. Гнидите се отстрануваат само со чешлање со специјалните метални чешли за гниди. Мануелното отстранување останува секогаш опција која нема да изгуби ефективност. Но исто така, гнидите се изведуваат во вошки за 7-10 дена, па секојдневно шечлање со електричен чешел ги убива сите новоизведени вошки.
На што би ги предупредиле родителите?
Проверете дали шампонот за вошки бил ефикасен пред повторно да го примените. Неопходно е 12 часа после третманот да се провери дали има живи вошки. Нивното присуство значи дека третманот е неефикасен и не треба да се повтори туку да се промени. Читајте ги инструкциите за шампонот затоа што не се сите исти. Детето секојдневно проверувајте го за присуство на вошки или гниди. Гнидите не може да се убијат со шампон, туку се отстрануваат со густ метален чешел. Никогаш не треба на дете да се користат производи на база на пестициди кои се наменети за убивање вошки или инсекти за мебел, гардероба, постленини. Задолжително бирајте безбедни прозиводи за вашето дете.
Што треба да се направи во домот доколку детето има вошки?
Дополнително, би требало темелно да го исчистите вашиот дом и личните предмети кои веројатно биле изложени на вошки. Машински исперете ги постелнините, капите, јакните, шаловите, плишаните играчки и слично во топла вода до 60 степени Целзиусови, а потоа исушете во сушара на висока температура најмалку 20 минути. Предметите кои не се перат машински треба да се се однесат на хемиско перење и да се затворат во пластична кеса и да се држат така 2 недели (во тој период сите вошки ако заостанат ќе изумрат). Потопете ги чешлите и четките во многу топла вода. Темелно исчистете ја собата на детето и зоните каде си игра, вклучително подот и мебелот со правосмукалка.
Вошките имаат потреба да се хранат секојдневно и не можат да живеат далеку од човекот.
Која е вашата порака до родителите?
Учете ги децата и воведете добри навики. За да ги намалите шансите вашето дете да фати вошки, почнете да го учите да не разменува предмети и гардероба кои доаѓаат во контакт со главата. Побарајте од вашето дете да одбегнува игри и активности кои водат до контакт со глава со другарчињата. Побарајте од вашето дете да ги чува своите лични работи – особено капи, јакни, шалови и други парчиња гардероба надвор од вообичаените места. И секако користете природен спреј за превенција од вошки базиран на природни состојки, а не токсини или пестициди. Во наша моќ е да ја намалиме изложеноста на нашите децата на хемикалии и да избереме безбеден начин за третман на вошливоста.