Изминатиот викенд се ожени поранешниот ракометен репрезентативец и капитен, битолчанецот Иван Марковски со Ангела. На свадбата беше присутна целата македонска ракометна елита, како и голем дел од јавните личности од Битола и Македонија.
Скоро цела „златна“ генерација на Пелистер, на чело со Стефановски, Лазаров, Зарков, Котевски, Николиќ, Босеовски, Шундовски, Крстевски, Ангеловски и кумот Томе Петрески беа дел од церемонијата. На едно место беа тројца поранешни селектори (Стефановски, Крстевски, Шундовски), поранешниот фудбалски репрезентативец Томе Пачовски, гости од Франција од клубот Ла Самбр Авенсуа, каде Марковски е тренер, и уште многу, многу други.
Иван и Ангела веќе повеќе од една година живеат во Франција и како плод на нивната љубов пред неколку месеци се роди ќерката Алесија.
извор: Гол.мк