Бојан Јовановски познат како Боки 13 кој заедно со бизнисменот Зоран Милевски бeше уапсен вчера за случајот „Рекет” за изнуда на пари, ги поминал сите прегледи и процедури денеска во затворот „Шутка” каде беше спроведен доцна синоќа.
Директорот на затворот Есад Рахиќ вели дека се спроведени сите процедури како кај сите притворени лица, насоки на проценка, како и насоки за прва помош, јавува “A1 oн“
Боки 13 моментално поради безбедносна проценка во хашкото одделение со уште еден притвореник, а полицијата немала проблеми при неговото спроведување и сите процедури.
По собрани вербални и материјални докази, Обвинителството вчера отвори истрага во која осомничените ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.