Ако видите натпис “private beach” на грчките плажи знајте дека тоа е незаконски, пишува во текстот кој се појави во грчките медиуми, а бргу се шеруваше по социјалните мрежи.
-Лежалките се поставени до море. Рестораните на плажи имаат маси за романтична вечера покрај море. Баровите на плажа си поставиле платформи и се заградиле за своите услуги на високо ниво. Хотелите рекламираат рајски приватни плажи. Што е заедничкото на сите овие понуди? Се е тоа незаконски! – се наведува во текстот.
Имено, ниедна плажа во Грција според законот не смее да биде означена како приватна. Егејското море и плажите според уставот на Грција се јавни и заеднички. Секоја година Министерството за економија носи одлука која на општините им се дава правото на користење, кое можат да им го отстапат на поединци или на општински фирми.
– Во Грција не постојат приватни плажи, па дури и ако хотелот е покрај плажа мора да се ослободи премин за минувачуте. Максимални површина каде може да се постават чадори за сонце и лежалки не може да биде поголема од 50% од плажата. Помеѓу нив треба да има патеки во ширина од еден метар како би можеле туристите да се движат. Две лежалки, еден чадор и едно столче треба да има на располагање 5 метри квадратни – пишува Никана.гр.