Во меч кој траеше пет часа, Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер со 3-2 во сетови и по петти пат го освои Вимблдон.
На прес конференцијата по натпреварот Новак одговараше и на прашања поврзани со Македонија откако неодамна на Инстаграм стори ја пееше „Македонско девојче“.
„Поздрав до Македонија и до Скопје. Ми го нема кумот Невин кој ми беше придружник во тоа пеење. Сега со сопругата може ќе запеам нешто за своја душа. Ја видов поканата од премиерот и го прифаќам повикот, но не знам кога ќе дојдам. Сепак, сигурно ќе ја посетам Македонија, бидејќи морам да го видам Охрид“, рече Ѓоковиќ.