Популарната продавница ИКЕА е позната по добрата брза храна, бесплатните моливчиња и ефикасните упатства за монтирање на мебел. Секако е место каде може да најдете екстра цени за парчето мебел што ви треба.
За да пазарањето ви биде успешно постојат осум совети на кои треба да се придржувата при купувањето во ИКЕА.
1. Имерите пред да купите
Се чини дека нема смисла, но потребно да се напарават неколку мерења пред да појдете во Икеа. Но, ако имате проблем со визуелизација на вашиот простор и новиот мебел во него, Икеа направи апликација Ikea Place app за оваа намена. Коростејќи ја технологијата на проширена реалност (АР) апликацијата ќе ви помогне да направите фотографија од вашата соба а потоа да видите како повеќе од 2000 парчиња мебел се вклопуваат во неа.
2. Побарајте каталог пред да пазарите
Повеќето ИКЕА продавници функцинираат како изложбен простор, продавница и магацин па може да биде катастрофално ако дојдете неподготвени. Ако дизајнирате некој простор прво побарајте каталог. На тој начин ќе направите првична селекција, а може да ги искористите и Икеа онлајн планерите на соби. Исто така помага ако направите список за купување онлајн и ги имате сите шифри на производите за кои сте заинтересирани. Откако ќе го направите пред-купувањето, онлајн може да проверите и дали избраното го има на залиха во продавницата во која купувате. Со тоа ќе заштедите многу време и нерви.
3. Земете мапа за да не се изгубите
Повеќето Икеа продавници се огромни и лесно може да се изгубите во лавиринтот од соби. Затоа на влезот земете мапа на продавницата со што ќе заштедите многу време движејќи се таму каде што се производите кои ви требаат.
4. Биделте дел од лојалната програмa
Најдобар начин да заштедите пари е да се придржувате кон Икеа Фамили лојалната програма. Таа е бесплатна и нуди попусти и промоции. Членовите на програмата може да користат 90-дневна заштита за купување која значи дека ако купите нешто кое потоа се продава по пониска цена, може да добиете поврат на разликата во цена.
5. Направете пауза за да размислите што ќе купите
За време на долгото шетање и купување низ продавницата, направете пауза во популарниот Икеа ресторан. Не само што храната е навистина вкусна, туку паузата дава шанса да размислите што сте купиле и што уште ви останува. Може да си направите приоритети. Исто така во Икеа рестораните понекогаш може да добиете и бесплатен оброк.
6. Оставете ги децата во игротеката
Понекогаш ви е потребно да бидете сами, без деца додека купувате. Повеќето Икеа продавници нудат и бесплатна грижа за деца од 4 до 10 години од еден час. Со тоа ќе заштедите време и полесно ќе го завршите купувањето.
7. Посетете го одделот “As-Is“
Ако сакате попуст треба да отидете во одделот “As-Is”, кој обично е во магацинскиот дел на продавницата. Таму се наоѓаат парчиња кои купувачите ги вратиле, оние кои веќе не се произведуваат или се со мало оштетување. Некои производи овде може да бидат поевтини до 50%, а на повеќето локации во среда има попуст од 10%.
Уште еден попуст на кој треба да внимавате- жолти ознаки “последна шанса“!
8. Купувајте во сабота послед 18 часот.
Во најлош случај Икеа може да биде преполна со купувачи што значително го отежнува купувањето. Ако сакате помирно искуство експертите препорачуваат да купувате во “off hours“. Најдобро време според некои експерти е сабота навечер после 18 часот. Септември месец обично е многу гужва поради студентите кои тогаш опремуваат станови, па овој месец е добро да се избегнува.