Италијанските медиуми утрово објавија дека српскиот тренер Синиша Михајловиќ се наоѓа во тешка здравствена состојба, поради која би можел наскоро да ја заврши неговата кариера.
Легендарниот фудбалер ќе започне со третман како резултат на болест која е откриена по медицинскиот преглед. Денеска во 16 часот 50-годишниот поранешен репрезентативец на Србија ќе свика прес-конференција на која ќе зборува по темата.
Синиша ја предводеше Болоња претходно оваа година и успеа да го спаси „црвено-сините“ од испаѓање, а на крајот ги рангираше десети во Серија „А“. Неодамна го продолжи договорот со клубот до 2022 година.
Во тренерската кариера во Италија ги има предводено екипите и на Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино.