Додека на Халкидики се санираат последиците од катастрофалното невреме во кое загинаа седум луѓе, се појави ново видео на кое се гледа колку невремето било јако.
Снимката од ресторан ја направил еден британски турист кој бил со своето семејство во еден ресторан кога започнал хаосот.
Енди Џихрист(48) уживал во десертот со женаму Кејти (43) и ќерка му Грејс (9) во ресторанот на еден хотел со пет зведи, кога започнало невремето. Како што рекол на видеото, прозорците почнале да се тресат како хартиени шамивчиња, додека келнерите викале сите да влезат во ресторанот.
-Никогаш не сум видел вакво нешто. Сите кои беа надвор за време на катастрофата немаа никаква шанса да се спасат – изјавил тој за “Дејли Мејл“ и додал дека ќерка му со уште пет луќе се засолнила во тоалетот на ресторанот.
Εικόνες απ τον τυφώνα χθες σε εστιατόριο της Χαλκιδικής.Οι τουρίστες σε πανικό! Δείτε το βίντεο!
Posted by November DELTA on Thursday, July 11, 2019