Шест лица загинаа, повеќе од 100 се повредени по силното невреме што во средата вечерта направи пустош на Халкидики.
Двајца туристи загинаа во Неа Плагија, по паѓањето на покривот во една таверна. Животот го загубија една 54-годишна Романка и нејзиното 8-годишно дете. Другите два смртни случаи се случија во близина на Потидеа Палас откако врз 39-годишен руски турист и неговиот двегодишен син паднало дрво. Останатите двајца мртви биле пронајдени во Созопол, Халкидики, во превртено возило, а загинал постар чешки пар.
Меѓу најпогодени се туристичките места: Ханиоти, Пефкори, Неа Мармарас, Калитеа и Никити кој останаа без струја. Во невремето значителни оштетувања има и хотелскиот комплекс Порто Карас. Искршени се врати и прозорци, а оштетен е дел од внатрешниот ентериер.
Поради катастрофата грчката влада прогласи вонредна состојба.
Posted by Ana Tanaskovic on Wednesday, July 10, 2019