Најмалку шест луѓе ги загубија животите во големото невреме проследено со дожд, град и со силен ветер, што синоќа го зафати грчкиот полуостров Халкидики, според грчките медиуми.
Меѓу загинатите се Романка и нејзиниот осумгодишен син врз кои се срушил покрив во таверна во местото Неа Плагија, двајца чешки туристи во Созополи, како и Русин и неговиот двегодишен син врз кои паднало дрво пред хотел во Неа Потидеа.
Десетици лица се повредени, од кои четири се во критична состојба, а се трага по уште неколкумина исчезнати.
Силното торнадо го погоди првиот и на вториот крак на Халкидики – Касандра и Ситонија носејќи се пред себе. Оштетени се домови и продавници и уништени се многу земјоделски култури.
Штети се забележани и во Ираклиа, која била зафатена од поројни дождови и град, како и во местото Муданија и околните области. Забележано е дека торнадото било со најсилен интензитет во местото Никити.