Пилот на „Монтенегро ерлајнс“ паднал во несвест за време на лет

by Тони Зографски

Авионот на црногорскага компанија “Монтенегро ерлајнс“ кој од Тиват летал за Москва, принудно слетал во рускиот град Калуга, откако пилотот паднал во несвест – сооштил извор од службата на авијацијата.
Извор за ТАСС изјавил дека на капетанот му се слошило и дека ја изгубил свеста кога авионот се доближувал до Москва, и авионот се спуштил на помала висина.

Изворот истовремено додава дека слетувањето во Калуга било нормално и дека никој не е повреден.

Засега нема информации околу здравствената состојба на пилотот.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com